Сеул: На Северна Кореја нема да ѝ биде лесно брзо да го уништи нуклеарното оружје

На Северна Кореја нема да ѝ биде лесно во краток рок целосно да го уништи своето нуклеарно оружје, имајќи ја предвид постојната состојба на тој арсенал, смета јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин.

„Верувам дека нема да биде реално да се тргне во целосно демонтирање на севернокорејското нуклеарно оружје во блиска иднина, имајќи ги предвид неодамнешните унапредувања на нејзините нуклеарни и ракетни програми“, кажа тој.

Мун додаде дека меѓународната заедница би можела да почне да размислува и за награда за Пјонгјанг, доколку се согласи барем да ја замрзне својата нуклеарна програма и да почне дијалог за денуклеаризација, пренесува државната агенција Јонхап.

„Тоа значи дека Северна Кореја веројатно попрво ќе ја замрзне својата нуклеарна програма, а потоа ќе почне со комплетно демонтирање, и ако тоа се случи, верувам дека ние како меѓународна заедница ќе можеме да разговараме што можеме да направиме за возврат“, додаде тој.

Како што соопшти јужнокорејската претседателска палата, Мун кажа дека доколку Северна Кореја се согласи да разговара, преговорите може да бидат одржани со сите отворени опции, истакнувајќи дека е прерано да се каже кои се тие опции, пренесува Ројтерс.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе