Сестрата на Трамп: Тој лаже и е суров, со измама се запиша на факултет

Доналд Трамп лаже, суров е, не чита, со измама се запишал на факултет и битна му е само неговата гласачка база, тврди постарата сестра на американскиот претседател Мериен Трамп Бери, пензионирана сојузна судијка, во снимен разговор.

EPA-EFE

Во разговорот кој го снимила внуката на Трамп во 2018 и 2019, а чии делови вчера објави Вашингтон пост, Бери изгледа вџашено од однесувањето на својот брат во Овалната канцеларија.

„Нема принципи. Никакви. Никакви“, кажала таа во разговорот со Мери Трамп.

83-годишната Бери била вџашена од „тоа што им го правеле на децата на границата“ со Мексико. Како сојузна судијка, Бери еднаш прозва емигрантски судија за малтретирање на барателите на азил во својата судница.

Претпоставува дека престедателот Трамп „не го прочитал мислењето за емиграцијата“.

„Што тој прочитал?“, прашува Мери Трамп. „Ништо. Тој не чита“, одговорила бери.

„Сѐ што сака е да ѝ се допадне на својата гласачка база... А неговата база, о Боже мој, ако сте религиозна личност, сакате да им помогнете на луѓето. Не го правите ова“, кажала Бери во разговорот за кој Вашингтон пост вели дека бил тајно снимен.

Во друг момент, пишува Вашингтон пост, Бери кажала за својот брат: „Сѐ е тоа лажно. Сѐ е лажно и сурово. Доналд е суров“.

Бери понатаму навестува во разговорите дека нејзиниот 74-годишен брат бил лош ученик. „Ги пишував домашните задачи наместо него“, кажала таа, и додала: „Го возев по Њујорк за да се обидеме да го упишеме на факултет“.

Бери исто така изразила ужаснатост околу тоа каков претседател е нејзиниот брат.

„Неговото проклето твитање и лажење, Боже мој“, кажала таа. „Зборувам преслободно, но знаеш на што мислам. Промените на приказните. Неподготвеноста. Лажењето. По ѓаволите“.

Белата куќа засега не го коментираше објавувањето на разговорите во Вашингтон пост.

Разговорот со Мериен Трамп Бери не е објавен во неодамнешната книга која Мери Трамп ја објави за својот вујко „Премногу и никогаш доволно“.

Мери Трамп кажа дека во претседателската кампања ќе го поддржи демократот Џо Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе