Сестрата на севернокорејскиот лидер ја отфрли можноста за продолжување на преговорите со САД

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги отфрли надежите за продолжување на дипломатските преговори со САД, предупредувајќи го Вашингтон дека се соочува со „разочарување" доколку смета дека преговори со Северна Кореја се опција.

Фото: ЕПА

Ким Јо Џонг го рече ова откако специјалниот пратеник на САД во Северна Кореја, Сунг Ким, рече дека Вашингтон понудил да се одржат разговори со Северна Кореја „каде било, во кое било време и без предуслови“.

„Се чини дека САД ја толкуваат оваа ситуација како некоја утеха за себе. Очекувањето, што САД избраа да го прифатат на погрешен начин, ќе ги втурни во уште поголемо разочарување“, рече таа.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Ким Џонг Ун испратил „интересен сигнал“ минатата недела кога на претставниците на владејачката партија им наредил да се подготват за „дијалог и конфронтација“ со администрацијата на Бајден, но повеќе за конфронтација.

Ким Џонг Ун неодамна изјави дека судбината на дипломатијата и односите со САД зависат од тоа дали Вашингтон ќе се откаже од она што тој го нарекува непријателска политика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе