Јужнокорејската министерка Канг Кјунг Ва кажа дека е тешко да ѝ се поверува на Северна Кореја дека нема жаришта на коронавирусот на своја територија, додавајќи дека од северниот сосед не добиле одговор околу прашањето за соработка за заедно да се изборат со пандемијата, пренесува Асошиејтед прес.
Ким Јо Џонг одговори преку државните медиуми.
„Од нејзините безобѕирни изјави, притоа не размислувајќи за последиците, се добива впечаток дека сакала да ги залади и онака студените односи меѓу Северна и Јужна Кореја. Нејзината намера е многу јасна. Нема да ги заборавиме нејзините зборови и можеби ќе мора да сноси последици поради нив“, кажа сестрата на првиот човек на Северна Кореја.
Јужнокорејската министерка за надворешни работи кажа на форумот во Бахреин во саботата дека „пандемијата ја направи Северна Кореја уште позатворена држава, во која нема никаква дебата за начинот на борбата против ковид-19“.
„Тие и понатаму тврдат дека немаат ниту еден случај, што е тешко за верување. Сите сигнали укажуваат дека режимот интензивно се бори да го контролира вирусот, за кој тврдат дека го немаат“, додаде министерката.