Сестрата на Ким Џонг Ун: Јужнокорејскиот претседател е папагал одгледан од САД

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го критикуваше денес јужнокорејскиот претседател, велејќи дека тој е „папагал одгледан од Америка", откако тој го критикуваше тест-лансирањето на ракети од страна на Пјонгјанг.

Фото: ЕПА

Северна Кореја има долга историја на користење тестирање оружје за зголемување на тензиите и минатата недела ја спроведе првата значајна провокација од инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

САД и Јапонија соопштија дека Северна Кореја истрелала балистички ракети - забранети според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН - додека Пјонгјанг инсистира на тоа дека се работи за „водено тактичко оружје“.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, кој ги поддржува односите со Пјонгјанг, во петокот одржа претпазлив говор во кој конкретно не се осврна на ракетниот тест.

Постапките што стојат на патот за обновување на дијалогот меѓу Пјонгјанг и Вашингтон се „непожелни“, рече тој.

Неговиот говор предизвика осуда од Пјонгјанг, а Ким Јо Џонг, клучна советничка на својот брат, го нарече говорот „врв на дрскоста“.

Останав „без зборови“, рече таа во изјавата пренесена од официјалната новинска агенција КЦНА.

Нарекувајќи го јужнокорејскиот претседател „папагал одгледан од Америка“, таа рече дека користи „гангстерска логика на САД“.

Администрацијата на Бајден е во завршна фаза на креирање план за политика кон Северна Кореја, а американскиот претседател неколку пати рече дека ќе се обиде да ги обнови сојузите со партнери како Јужна Кореја.

Бајден ја предупреди Северна Кореја дека „ќе има одговор доколку ескалира“ тестирањето.

Тој остави отворена врата за понатамошна дипломатија, но Белата куќа во понеделникот соопшти дека „нема намера“ да се сретне со Ким.

Европските членки на Советот за безбедност на ОН во вторникот побараа состанок на кој ќе се разговара за контроверзниот ракетен тест на Северна Кореја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе