Сестрата на Ким Џонг Ун ѝ се закани на Јужна Кореја со воена акција, има одобрение од лидерот

Ким Јо Џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се закани со воена акција против Јужна Кореја во саботата во Сеул критикувајќи ги поради намалувањето на билатералните односи и нивната неможност да ги спречат активистите да пуштат анти-Пјонгјанг летоци преку границата, пренесе АП.

EPA-EFE/JORGE SILVA

Опишувајќи ја Јужна Кореја како „непријател“, Ким Јо Џонг ја повтори заканата дека Сеул наскоро ќе сведочи на пропаѓањето на „бескорисната“ канцеларија за меѓукорејски односи во пограничниот град Каесонг.

Ким, која е прва заменик-директорка на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, рече дека ќе им препушти на воените водачи на Северна Кореја да го спроведат следниот чекор за одмазда против Јужна Кореја.

„Спроведувајќи ги овластувањата од врховниот лидер, нашата партија и државата, на одделот надлежен за работи со непријателот му дадов инструкции решително да ја спроведе следната акција“, рече таа во изјавата пренесена од официјалната Севернокорејска новинска агенција.

„Ако навестам за следниот план, за кој властите (на Јужна Кореја) се загрижени, правото за преземање на следната акција против непријателот ќе му биде доверено на Генералштабот на нашата армија“, рече таа.

„Нашата армија, исто така, ќе утврди нешто за намалување на незадоволството на нашите луѓе и верувам дека сигурно ќе го спроведе тоа“, додаде Ким Јо Џонг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JORGE SILVA

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе