Американскиот експерт за Балканот

Сервер: Косово може да се соочи со голем притисок од САД да ѝ дозволат на Русија да се вклучи во процесот

Американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер очекува САД да извршат притисок врз Косово да ѝ се овозможи на Русија да биде вклучена во процесот на дијалогот со Србија.

Тој за Коха диторе изјави дека властите во Приштина тоа не треба да го дозволат, коментирајќи ја изјавата на Дик Кустин, портпаролот на претставникот на САД за дијалогот на Белград и Приштина Ричард Гренел, „дека Русија и кој било друг кој има идеи за мир, стабилност и просперитет (во тој дијалог) е добредојдена“.

Кустин се осврна на изјавата на рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко, кој кажа дека конечниот договор треба да бие донесен преку Советот за безбедност на ОН, да се усвои нова резолуција која ќе ја замени Резолуцијата 1244, и дека Русија ќе се вклучи во процесот ако Србија тоа го побара.

„Косово може да се соочи со голем притисок од Соединетите Држави да ѝ дозволи на Русија да се вклучи во процесот, што може да се види од изјавата на кабинетот на Гренел дека „сите се добредојдени““, кажа Сервер и додаде дека во тој случај „Приштина треба јасно и недвосмислено да се соочи со катастрофален предлог за поделба“.

Рускиот амбасадор во Белград изјави и дека размената на територии и други идеи „можат да ги проценат само Приштина и Белград“.

Според Сервер, прашањето на размена на територии ѝ одговара на Русија, која сака да ја оправда анексијата на Крим од Украина и создавањето „марионетски држави“ во Грузија и Молдавија.

„Русија би требало да се вклучи само ако Приштина се сложи, а тоа не би требало да се случи сѐ додека Русија не го признае Косово како независна и суверена држава во актуелните граници. Јасно е дека Русија бара територијално решение кое ќе помогне во оправдувањето на анексијата на Крим и создавањето на марионетските држави Јужна Осетија, Абхазија и Придњестровје“, кажа Сервер.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе