Американскиот експерт за Балканот

Сервер: Грција да го признае Косово, нема никаква поента во тоа што не го признава

„Косово ги исполни сите барања за визна либерализација и Европа треба да има порешителна и појасна политика, и петте преостанати земји од ЕУ да го признаат Косово“, оцени за Радио слободна Европа професорот на американскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балканот Даниел Сервер.

EPA-EFE

„Би било исклучително денес доколку Грција би ја признала косовската држава како независна, поради тоа што Грција има амбасада во Приштина и нема никаква поента во тоа што не го признава Косово. Придвижување кон признавање би помогнало понатамошниот дијалог на Приштина и Белград да биде поплодоносен“, додаде Сервер.

Според него, голема грешна е што ЕУ не е „повеќе присутна“ на Западниот Балкан.

„Што се однесува до САД јасно дека имаат многу други приоритети и Западниот Балкан не е најважниот дел од светот за САД. Но, за време на униполарниот период во деведесеттите немавме проблем на друго место и можевме да правиме што сакаме на Балканот и на крајот правевме, иако се колебавме три и пол години во БиХ, а потоа и на Косово. Но, ситуацијата со ЕУ е малку поинаква. Тоа што Европа не внимава на Западниот Балкан е стратегиска грешка, иако морам да признаам дека има луѓе во Европа кои посветуваат внимание“, оцени Сервер.

Сервер предупреди дека постои потенцијална нестабилност на Косово.

„На Косово го видовме тоа во март 2004 во што учествуваат и Србите и Албанците и тоа беше многу лошо. Многу српски имоти беа уништени. Многу повеќе Албанци беа убиени од Срби, но беа уништени многу српски имоти и тоа беше изговор за крвопролевањето. Не е тоа лошо само за Србите, туку и за Косово“, заклучи Сервер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе