Сериозно предупредување до Америка: Иран подготвува воена вежба со Русија и Кина (ВИДЕО)

Русија, Кина и Иран „наскоро“ планираат заедничка поморска вежба во Оманското Море и Индискиот Океан, јави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним.

Веста доаѓа само неколку дена откако САД и Саудиска Арабија го обвинија Иран за нападот врз саудиските нафтени инсталации.

Генералот Гадир Незами, шеф за меѓународни односи и одбранбена дипломатија во Иранскиот Генералштаб на оружените сили, кажа дека вежбите ќе се одржат во меѓународни води, а не во Персискиот Залив, како што претходно се шпекулираше.

„Заедничката вежба ќе биде одржана во северниот Индиски Океан и во Оманското Море. Немаме никакви планови да одржиме таква вежба во Персискиот Залив“, кажа Незами.

„Вежбата има различни цели, вклучувајќи размена на тактички и воени искуства, а некогаш ваквите вежби имаат и политички цели кои ја покажуваат сплотеноста меѓу учесниците. Функционери на ниво на министри за одбрана, началници на штабовите на оружените сили и команданти на оружените сили ќе дојдат во Иран во блиска иднина, а тие акции ја одразуваат активната одбранбена политика на Иран“, додаде иранскиот генерал.

Ако се одржи, ова ќе биде првата заедничка поморска вежба на овие три нации во Индискиот Океан.

Индикативно е тоа што најавата за големата поморска воена вежба доаѓа 24 часа откако САД најавија дека ќе испратат „умерен број“ американски војници и дополнителна противракетна одбрана во Саудиска Арабија.

Затоа може да се заклучи дека Иран сака да испрати недвосмислена порака: ако нѐ нападнете нас, Русија и Кина ќе застанат на наша страна – не само со зборови, туку и воено.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе