Велика Британија

„Сериозен инцидент“: кај Солзбери најдени две лица без свест поради непозната супстанција

Недалеку од местото каде што беа најдени отруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка, две лица се во критична состојба поради изложеност на непозната супстанција.

Двете лица се пренесени во болница во Солзбери, Англија, и во моментов добиваат третман по изложувањето на непозната супстанција, соопшти денеска локалната полиција, додавајќи дека е во прашање „сериозен инцидент“.

Еден маж и една жена на околу 40 години биле пронајдени во несвест во саботата, 30 јуни, пред куќа во Амсбери на југот на Англија, десетина километри од местото во Солзбери каде што на 4 март беа најдени Скрипаљ и неговата ќерка, исто така во несвесна состојба, по обидот за труење со нервен агенс.

За супстанцијата првично се верува дека е хероин или крек кокаин од контаминирано количество дрога, но полицијата вели дека „e отворенa кон идеи“ за тоа што довело до инцидентот. Во тек се понатамошно тестирање и истрага.

Полицијата додаде дека пациентите, чии имиња не се обелоденети, се во критична состојба.

Локалните здравствени служби рекоа дека овој случај не претставува ризик за здравјето на населението.

Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија неколку недели беа во критична состојба во болница откако беа отруени со нервен агенс. Лондон потоа ја обвини Москва дека стои зад труењето и тврдеше дека во нападот бил употребен нервен гас развиен во СССР. Русија остро ги отфрли овие обвинувања.

Оваа афера предизвика дипломатска криза меѓу Лондон и британските сојузници од една страна и Русија од друга страна, по што беа протерани голем број руски дипломати.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе