Сепак нема знаци на живот во урнатиот објект во Бејрут

Нема знаци на живот во зградата што се сруши поради силната експлозија што се случи во Бејрут пред еден месец, соопшти спасувачкиот тим од Чиле што во последните три дена трагаше по урнатините во потрага по преживеани.

Фото: ЕПА

„Можеме да кажеме дека технички нема знаци на живот во зградата“, изјави за новинарите Франциско Лерманда, шеф на чилеанскиот спасувачки тим „Топос“.

Чилеанските и либанските спасувачки екипи ги пребаруваа урнатините на старата зграда што се сруши поради големата експлозија во пристаништето Бејрут на 4 август. Во експлозијата загинаа 190 лица, а 6.000 беа повредени.

Повторна надеж за пронаоѓање преживеани под урнатините се појави во четвртокот, кога чилеанските спасувачи и нивното куче-трагач открија знак на живот под урнатините на една урната зграда во бејрутскиот кварт Гемајзе.

Лерманта рече дека нивната опрема тогаш го детектирала дишењето на еден од спасувачите што веќе влегол во зградата. Тој рече дека напорите сега ќе бидат насочени кон расчистување на урнатините и пронаоѓање на телата на жртвите.

„Не застануваме додека има макар и само еден процент надеж“, рече Лерманта за можноста да се најдат тела. „Не застануваме сè додека не ја завршиме работата.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе