Со 55 гласа против и 45 за беше одбиено барањето на републиканскиот сенатор Рон Пол горниот дом на американскиот Конгрес да се изјасни за тоа дали судењето на Трамп го крши уставот на САД.
Против предлогот на Пол гласаа пет сенатори на Републиканската партија.
Пол и други републиканци тврдат дека постапката за отповикување на Трамп е неуставна бидејќи на Трамп му заврши мандатот минатата среда и тоа што судењето закажано за 9 февруари ќе го води демократскиот сенатор Патрик Лихи наместо судијата на Врховниот суд Џон Робертс.
Како што наведува Ројтерс, Пол претходно кажа дека поддршката на неговиот потег ќе покаже дека Сенатот не е во состојба да го осуди Трамп, бидејќи за тоа се потребни две третини од гласовите или 67 гласа.
Во академските кругови се води расправа за тоа дали Сенатот може да го осуди Трамп и да го отповика од функцијата кога повеќе не е претседател.
Многумина сметаат дека „доцниот импичмент“ не го крши уставот на САД, тврдејќи дека претседателите кои непримерно се однесуваат на крајот на мандатот не би требало да бидат имуни од процесот утврден со уставот со кој се оценува нивната одговорност.