„Учеството на Иран е неспорно“

Сенатор лојален на Трамп ги оцени нападите во Саудиска Арабија како „воен чин“

Американски сенатор близок до претседателот Доналд Трамп во вторникот нападите врз саудиските нафтени објекти ги нарече воен чин, истакнувајќи дека учеството на Иран во нападите е неспорно.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам рече дека е очигледно дека таков софистициран напад не може да се изврши без благослов и директно учество на Иран.

„Тоа е воен чин во вистинска смисла“, додаде тој во соопштението објавено по состанокот на потпретседателот Мајк Пенс со републиканските сенатори.

Сенаторот, кој ужива доверба од Трамп, повика на „обновување на системот за одвраќање од иранска агресија“.

Греам, еден од таканаречените јастреби во опкружувањето на Трамп, додаде дека умерениот одговор на претседателот на иранското соборување на американскиот дрон во јуни е „јасно дека иранскиот режим го разбрал како знак на слабост“.

За време на викендот, тој веднаш на Твитер објави дека Вашингтон треба да размисли за „напад на иранските рафинерии“ како одговор на нападот врз саудиските нафтени постројки, со што би се пресметале со режимот.

Други републикански претставници, како Марко Рубио, рекоа дека се сигурни дека Иран е одговорен за нападите. Но, неколкумина повикаа на претпазливост при изборот на одлуката за американската реакција.

Републиканскиот сенатор Џим Рих, лидер на моќниот комитет за надворешна политика, ја отфрли можноста за брз воен одговор на Иран.

„Далеку сме од тоа. Сè уште сме во фаза на анализа“, рече тој пред новинарите.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе