Семејството на Асанж ја повика Австралија да интервенира пред неговата екстрадиција во САД

Семејството на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, вели дека австралиската влада мора да интервенира пред тој да биде екстрадиран во САД. „Без интервенција на владата, тој практично ќе добие смртна казна“, соопшти семејството на Асанж, според Гардијан.

Фото: ЕПА

Асанж во моментов се наоѓа во затворот Белмарш во Велика Британија и треба да биде екстрадиран во САД. Адвокатите на Асанж се сретнаа со новата американска амбасадорка во Австралија, Керолин Кенеди.

Таткото на Асанж, Џон Шиптон, и братот Габриел Шиптон вчера присуствуваа на седница на австралискиот парламент каде што изразија загриженост дека е постигнат мал напредок во случајот на Асанж. Тие го повикаа премиерот Ентони Албаниз да го направи прашањето за екстрадицијата на Асанж во САД прашање за кое не може да се преговара.

Семејството вели дека е несреќно бидејќи и покрај барањата, не можеле да остварат средба ниту со Албаниз, ниту со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг, ниту со државниот обвинител Марк Драјфус.

Од изборите во мај, Албаниз рече дека владата има намера дипломатски да продолжи со прашањето за екстрадицијата на Асанж. Братот на Асанж вели дека првично бил охрабрен од изјавите на премиерот како лидер на опозицијата „дека е доста од затворања на Асанж“, но сега е лут поради недостигот од напредок од изборите.

„Поминаа месеци откако Албаниз рече доста е, но кога е навистина доста? Џулијан е сè уште во затвор, тој е таму веќе три години без осуди. Тие би можеле да кренат слушалка и да му се јават на Џо Бајден и да направат за тоа да може да се преговара. Австралија им е стратегиски важна на САД во моментов, им требаат нашите ресурси...“, коментираше братот на Асанж, Габриел Шиптон.

Поддржувачите на Џулијан Асанж се загрижени за владиниот поднесок испратен до обвинителот Драјфус. Во поднесокот се наведува дека доколку Асанж биде предаден и осуден во САД, тој би можел да поднесе барање за отслужување на казната во Австралија според меѓународниот трансфер на затвореници. Сепак, австралиската влада не претпочита трансфер на затвореници.

САД дадоа гаранции дека, доколку биде екстрадиран, Асанж нема да биде подложен на посебни административни мерки или притворен во објект за максимална безбедност. Тоа е токму она што Велика Британија го нарече „обврски преземени од една влада кон друга“.

Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан заедно со свиркачот Челзи Менинг. Неговите поддржувачи веруваат дека тој како истражувачки новинар ѝ ги открил на јавноста воените злосторства извршени од САД.

Асанж би можел да добие вкупно 175 години затвор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе