Најдени на пат

Семејство во САД нашло вреќи со милион долари и ѝ ги дале на полицијата (ВИДЕО)

Едно семејство во американската сојузна држава Вирџинија неодамна на пат нашло две поштенски вреќи со милион долари и ги предала на полицијата, пренесуваат американските медиуми.

EPA-EFE

Емили Шанц за локалната телевизија ВТВР раскажала дека минатиот викенд тргнала на излет со семејството и по пат возило пред нив заобиколило нешто на патот.

Таа кажала дека сопреле и ја земале вреќата која личела на кеса за ѓубре, а потоа нашле и друга покрај патот.

Дури откако се вратиле од излетот ја откриле содржината на вреќите: пластични кеси со пари. Семејството парите ги предало на полицијата во Ричмонд, Вирџинија.

„Горди сме што имаме чесни граѓани“, соопшти полицијата.

Шанц кажа дека предавањето на вреќите на полицијата е „најдоброто нешто бидејќи тие вреќи не им припаѓаат на неа и нејзиното семејство“.

Локалната полиција соопшти дека не знае како вреќите се нашле на патот и дека верува дека парите во нив се наменети на некоја банка, а биле предадени на американската пошта која требало да се погрижи тие да стигнат до примачот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе