„Срамна парада на политичарите“

Семејствата го бојкотираа испраќањето на жртвите на трагедијата во Џенова (ВИДЕО)

Италија денес на државна церемонија ги испрати жртвите на уривањето на мостот во Џенова во кое според последните податоци загинаа 41 лице, а спасувачите и понатаму трагаат по потенцијални преживеани кои останале под урнатините.

Мисата за 19 жртви беше одржана во просторот на Изложбениот и трговски центар во тој крајбрежен град на северот на Италија, а ја предводеше градскиот надбискуп, кардиналот Анџело Бањаско.

Но, родините на дел од жртвите ја бојкотираа церемонијата и одржаа приватни погреби во знак на гнев и протест против државата, за чија негрижа сметаат дека е виновна за уривањето на мостот. „Ова е срамна парада на политичарите“, изјави еден од нив.

Припадниците на пожарникарските бригади, спасувачките тимови и полицијата присутните во Центарот ги пречекаа со аплауз. Владата денешниот ден го прогласи за ден на жалост.

„Вакви нешта не би смееле да се случуваат, но за жал тие и понатаму се случуваат. Сега се бараат виновниците... одговорните лица кои би ги обвиниле за смртта на овие луѓе, но мртвите не можеме да ги вратиме“, изјави пријател на една од жртвите Џузепе Рондинели.

Агенциите пишиуваат дека официјалната бројка на загинати (41) и понатаму е неофицијална бидејќи телата треба официјално да се идентификуваат.

На церемонијата за жртвите на несреќата во Центарот меѓу другите присуствуваа и италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за сообраќај Данило Тонинели.

Надвозникот Моранди се урна во вторникот при невреме. Повеќе од триесет автомобили и камиони паднаа на земја од висина од 45 метри.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе