Став на шефот на српската дипломатија

Селаковиќ: Треба да се биде реален во решавањето на косовското прашање

Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ изјави денес дека во решавањето на косовското прашање треба нештата да се постават на реална основа, да се најде некое сериозно решение, да се покаже сериозност, иницијатива и желба за продолжување на дијалогот.

EPA-EFE

„На таков начин добиваме шанса да, ако и не дојде до решение по тоа прашање, да не падне цела вина врз Србија како што тоа беше во претходните години“, кажа Селаковиќ за РТС.

Кажа и дека за решавањето на тоа прашање е многу важна средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ со францускиот претседател Емануел Макрон, кој по негова оценка „прераснува во лидер на Европа“.

Селаковиќ наведе дека и од Макрон се слушнало дека за ставовите на Србија во меѓународната заедница денес има повеќе слух и разбирање, но како што додаде, нема да има промена на политиката на големите сили за 180 степени.

„Што е реалноста кога зборуваме за Косово. Реалноста е дека на Косово живеат и припадници на српскиот народ, реалноста е дека тие се во компактни средини и бараат исполнување на обврските кои Приштина ги презема, формирање на Заедницата на српски општини, заштита на нашите храмови. Многу нешта“, кажа Селаковиќ напоменувајќи дека Србија исполнила сè што потпишала.

Зборувајќи за продолжувањето на европските интеграции, тој кажа дека Србија прва ја прифатила новата методологија која ја иницирала Франција, па било сосема природно да се разговара за тоа со Макрон.

„Како што слушнавте, во тоа ја имаме поддршката од Франција“, истакна Селаковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе