Генералниот секретар на Вучиќ

Селаковиќ: Црна Гора е класична српска држава

Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ, рече дека Црна Гора е „класична српска држава, во која дури и денес, по сè што се случи, живеат 31 отсто Срби“.

Во емисија на Радио-телевизија Србија, на прашањето што значи тоа да се биде „класична српска држава“, тој рече дека тоа значи дека Црна Гора „од своето постоење, како држава, се гордее со српскиот идентитет.“

Селаковиќ рече дека Србија ќе биде изложена на разни видови притисок, но дека „грчевито“ се бори да води одговорна политика во решавањето на косовското прашање.

Тој рече дека мисли дека идејата за демаркација повеќе не е на маса.

„Мислам дека за тоа нема да разговараат ниту Албанците, ниту Западот, кој ги спонзорираше. Нашето решение е да се бориме да испреговараме што е можно повеќе и да го сочуваме мирот“, рече Селаковиќ.

По повод годишнината од завршетокот на бомбардирањето на НАТО, тој рече дека Кумановскиот договор значел крај за оружената агресија, но дека со тоа почнал „ловот на Срби“ и дека „следуваше политичкиот продолжеток на агресијата“.

„Во присуство на поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, Воислав Коштуница, Мило Ѓукановиќ и Зоран Ѓинѓиќ го соборија Уставот, ја укинаа Сојузна Република Југославија, а потоа беше усвоена Уставната повелба“, рече Селаковиќ и додаде дека со тоа е „уништена заедничката држава со Црна Гора“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе