„Секој што планира да го нападне Израел во текот на денот – нема да ја преживее ноќта“

Предупредувањето на израелскиот министер за одбрана следуваше само еден ден откако официјално ја презеде својата нова улога.

Секој терорист што планира да го нападне Израел во текот на денот, нема да ја преживее ноќта, се закани израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет.

Бенет влезе во Министерството за одбрана во вторникот во 11 часот, неколку часа откако Израел го изврши атентатот врз палестинскиот исламски водач Баха Абу ал-Ата во појасот Газа.

„Вчера наутро, УДФ и силите за безбедност презедоа витални мерки за безбедност на Израел. Ал-Ата дејствуваше против граѓаните на Израел и беше елиминиран. Тоа го направивме вчера и нема да се плашиме повторно да го направиме истото во иднина“, рече Бенет.

Убиството на Ал-Ата, рече израелскиот министер за одбрана, би требало да им прати „јасна порака на сите непријатели: Кој и да планира да нè повреди во текот на денот, не може да биде сигурен дека ќе преживее во текот на ноќта“. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе