УДРИЈА ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ И АРАПСКИТЕ ЛИДЕРИ

Сега и блискоисточните карикатуристи цртаат карикатури во одбрана на слободата на говорот! (ФОТО)

Врвните карикатуристи во Блискиот Исток застанаа во одбрана на слободата на говорот по нападот врз Шарли ебдо, а истовремено „удрија“ по израелските и арапските владетели поради нивните обиди да извлечат корист од трагедијата.

Масакрот во францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо на 7 јануари предизвика широка јавна осуда, а европските карикатуристи почнаа да цртаат голем број карикатури со осуда кон исламските радикали што го извршија нападот.

Но не се фатија само европските карикатуристи за лист и молив; карикатуристите од Јордан, Судан, Либан, Катар и други земји им ги посветија своите дела на 12-те жртви од списанието.

Емад Хајај од Јордан нацртал црн симитар – кој го симболизира теророт – разделен на два дела од „облаче“ во кое пишува: „Слобода на говорот“.

 

Суданскиот карикатурист Калид ал-Баих истакнал дека обичните муслимани се наоѓаат заглавени помеѓу две зла поради активностите на исламските радикали.

 

Во најшеруваната карикатура, бразилско-либанскиот карикатурист Карлос Латуф ги нацртал напаѓачите како со своите куршуми погодуваат џамија зад канцелариите на Шарли ебдо, наместо самите канцеларии.

 

Една недела по трагедијата, Латуф ја критикуваше опседнатоста на медиумите со Шарли ебдо, сугерирајќи дека жртвите ќе сакале досега таквото внимание да замре.

 

Во исто време, многу карикатуристи од Блискиот Исток го искористиле нападот врз Шарли ебдо за да „удрат“ по својата вообичаена цел - Израел - и насилството врз Палестинците.

Новинскиот веб-сајт Араб21 твитнал карикатура на Европеец од чија уста излегува змија, насловена: „Антимуслиман“

Сликата до неа го покажува истиот човек со катанец на устата и со зборот „антисемитизам“.

 

Еден турски карикатурист го обвинил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да извлече корист од крвопролевањето во Париз, упатувајќи покана до француските Евреи да емигрираат во Израел.

 

И арапските лидери биле тема на карикатури поради нивната реакција на серијата напади во главниот град на Франција.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас бил прикажан како положува цвеќе на гробовите на жртвите од Шарли ебдо, но „целосно заборавајќи“ на своите 2.192 сонародници убиени во војната во Газа минатото лето.

 

Карикатурата од Ахмед Рахма, која била емитувана на Ал џезира, прикажува арапски лидер на пат кон Париз со знак „Je suis Charlie“ во рацете, додека во неговата земја новинари седат зад решетки.

 

Кралот на Јордан и министри од Египет, Алжир, Саудиска Арабија и Турција учествуваа во маршот во Париз во чест на оние што загинаа во нападите врз Шарли ебдо.

Сепак, новата карикатура на пророкот Мухамед, која се појави на насловната страница на првото издание на францускиот сатиричен магазин по трагедијата, не беше добро примена во арапскиот свет. Како резултат на тоа, најновото издание на Шарли ебдо е е забрането во Мароко, Алжир, Тунис и Турција.

Како одговор на изданието, Ал-Араб од Катар на Твитер објави карикатура што гласи: „Новинарството не е криминал и јас не сум Шарли“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе