„Сега е ред на Пакистан да плаче“: Моди се пофали со индиската „мајка на нуклеарните бомби“

Во услови на зголемени тензии, индискиот премиер Нарендра Моди вели дека го проѕрел нуклеарниот блеф на Пакистан лансирајќи воздушни напади, а исто така тврди дека Њу Делхи сега ја има „мајката на нуклеарните бомби".

„Порано, терористите од Пакистан ќе дојдеа и ќе се вратеа по извршениот напад. Пакистан ќе ни се закануваше, велејќи дека има нуклеарна бомба и дека ќе го притиснат копчето“, рече премиерот Моди на вчерашниот митинг во Сурендранагар во Гуџарат.

„Во минатото, нашите луѓе ќе плачеа, ќе одеа по светот, велејќи Пакистан го направи ова, го направи тоа... Сега е ред на Пакистан да плаче“.

Бомбастичната реторика доаѓа во услови на тензии и воздушни напади во изминативе недели, проследени со спорадични прекугранични вооружени борби и насилства по нападот на самоубиствениот бомбаш во Пулвама во февруари кога загинаа 40 индиски паравоени офицери.

Џаиш е Мохамад ја презеде одговорноста за бомбардирањето, а Индија потоа ја обвини владата на Пакистан дека замижува пред активностите на групата.

„Пакистан долго време ни се заканува со својата нуклеарна способност, но ИАФ (Индиските воздухопловни сили) го проѕреа нивниот блеф со нивните напади“, рече Моди. Неговите коментари дојдоа по негирањето на власта дека индиски воен напад во Пакистан е неизбежен и може да се спроведе во средината на април.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе