По терористичкиот инцидент во Париз

Седуммина уапсени поради нападот со сатар кај поранешната канцеларија на Шарли Ебдо

Седуммина уапсени поради нападот со сатар кај поранешната канцеларија на Шарли Ебдо.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Седум лица се приведени поради нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник Шарли Ебдо, соопштија официјални лица.

Маж вооружен со сатар рани две лица во напад во петокот, кој се третира како терористички инцидент, пренесува Би-би-си.

Главниот осомничен, кој е идентификуван како 18-годишник со пакистанско потекло, беше уапсен во близина на местото на нападот.

Полицијата соопшти дека се приведени уште шест лица и дека нивниот распит е во тек.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека очигледно станува збор за чин на исламски тероризам и оцени дека полицијата го потценила нивото на закана во таа област.

Жртвите на вчерашниот напад не се официјално именувани, но полицијата наведува дека станува збор за маж и жена, кои работеле во продукциска куќа.

Премиерот Жан Кастекс пред новинарите изјави дека нивните животи не се во опасност.

Нападот се случи во време кога во Париз е во тек судењето на осомничените за соучесништво во серијата терористички напади извршени пред пет години, што започнаа со масакрот во тогашната канцеларија на весникот и завршија два дена подоцна по заложничката криза во супермаркет за продажба на храна подготвена според „кошер“ стандардите на еврејската вера.

За вкупно три дена, терористите тогаш убија 17 лица, од кои 12 во вооружениот напад во просториите на Шарли Ебдо, каде што во тоа време се одржувал состанок на редакцијата.

Крвавиот напад врз редакцијата на Шарли Ебдо, во кој беше убиен и уредникот Стефан Шарбоније, претставуваше одмазда на екстремните исламисти поради контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, кои весникот првпат ги објави во 2006 година.

Одбележувајќи го почетокот на судењето на соучесниците во нападите од 2015 година, уредничкиот одбор на весникот на почетокот на овој месец, во чест на убиените колеги одлучи повторно да ги објави контроверзните карикатури на Мухамед, опишувајќи ги како „доказен материјал“ во процесот и како дел од историјата која како се наведува „не може повторно да испише или избрише“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IAN LANGSDON

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе