Седумдесетгодишна жена брзо возела во Словенија, останала без поршето

70-годишна возачка брзо возела вчера по Горењскиот автопат во Словенија во автомобил порше кајен, јавуваат словенечките медиуми.

Фото: Словенечка полиција

Станува збор за италијанска државјанка, која управувала со возило со германски таблички без важечка возачка дозвола од Италија низ Словенија кон Хрватска.

Словенечката полиција соопштила дека возела 161 км/ч, што е значително повеќе од 100 км/ч, колку што е ограничувањето на брзината на таа делница, и се движела кон граничниот премин Ригонце за влез во Хрватска. На граничниот премин полицијата открила дека нема возачка дозвола, а утврдено е и дека е снимена како ја пречекорува брзината.

Полицијата ѝ го одзела автомобилот, изречена ѝ е парична казна поради големата брзина и е приведена во надлежен суд поради возењето без важечка возачка дозвола.

Легенда под Главна слика

Фото: Словенечка полиција

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе