Околу 500 ранети

Седум самоубијци зад експлозиите во Шри Ланка, бројот на мртвите се качи на 290 (ВИДЕО)

Координираните бомбашки напади во неделата, на католичкиот Велигден, кои разорија цркви и луксузни хотели во Шри Ланка, биле спроведени од седум бомбаши-самоубијци, објави денеска владата.

Анализата на делови од телата на напаѓачите јасно покажа дека тие биле бомбаши-самоубијци, изјави Ариананда Велијана, форензички иследник. Тој рече дека повеќето напади биле извршени од по еден бомбаш, а во хотелот Шангри Ла во Коломбо биле двајца.

Во бомбашките напади, најсмртоносното насилство во Шри Ланка од катастрофалната граѓанска војна што пред една деценија заврши на островот, загинаа најмалку 290 лица, а повеќе од 500 се повредени, изјави денеска портпаролот на полицијата, Руван Гунасекара.

Во меѓувреме, полицијата во Шри Ланка што ги испитува нападите ги истражува информациите дека разузнавачките агенции добиле предупредувања за можни напади, рекоа официјални лица.

Претходно, министерот за одбрана, Руван Вијевардена, ги опиша експлозиите како терористички напад од религиозни екстремисти, а полицијата соопшти дека 13 осомничени се уапсени, иако никој веднаш не ја презеде одговорноста. Вијевардена рече дека за повеќето од нападите се верува дека биле самоубиствени напади.

Експлозиите, главно во или околу главниот град Коломбо, ги урнаа таваните и ги разнесоа прозорците, при што загинаа верници и хотелски гости во хаос од чад, пепел, крв, скршено стакло, крици и звуци на аларми.

Еден вработен во мртовечница во градот Негомбо, кај Коломбо, каде што беше нападната црквата Сент Себастијан, рече дека многу тела тешко можело да се идентификуваат поради степенот на повредите.

Во хотелот Шангри Ла, еден сведок рече дека „луѓето беа извлекувани надвор“ по експлозијата.

Повеќето од убиените се Шриланканци. Но во трите нападнати хотели и во една од црквите, Светилиштето на Сент Антони, често биле посетувани од странски туристи, а Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека биле пронајдени тела од најмалку 27 странци од различни земји.

Двајца Австралијци се потврдени како жртви, САД рекоа дека „неколку“ Американци се меѓу загинатите, додека Велика Британија, Индија, Кина, Јапонија и Португалија рекоа дека и тие загубиле граѓани во нападите.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе