Седум минути чист страв на летот од Џорџија кон Флорида (ВИДЕО)

Патниците кои патувале со авион на Делта ерлајнс од Атланта, Џорџија до Форт Лодердејл, Флорида, доживеале седум минути чист страв.

Авионот во текот на летот „пропаднал“ речиси девет илјади метри.

Авионот во средата бил на половина пат до крајната дестинација, кога од висина на 11.890 метри за околу 7 минути нагло се спуштил на нешто повеќе од 3.000 метри, пренесе Си-би-ес њуз.

„Одеднаш, почувствував нешто како брз пад. Почнавме да паѓаме и маските за кислород испопаѓаа. Настана хаос меѓу патниците. Една од стјуардесите повторуваше да „не паничиме“, меѓутоа, ситуацијата беше доста напната. Многу патници околу мене забрзано дишеа“, рече патникот Харис Де Воскин, пренесе Еј-би-си њуз.

Тој рече дека на сопругата и семејството им јавил дека „се случуваат некои страшни работи“.

Портпаролот на компанијата Делта ерлајнс изјави дека летот бил пренасочен кон градот Тампа, Флорида од безбедносни причини и слетал без никакви проблеми. Тој рече дека пренасочувањето се должи на „неправилности во одржувањето на воздушниот притисок во авионот“.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе