„Симбол на суровост и нечовечност“

Се затвора озлогласениот затвор во Њујорк

Градскиот совет на Њујорк со големо мнозинство изгласа затворање на озлогласениот градски затвор Рајкерс до 2026 година, и наместо тоа да се отворат четири нови градски објекти.

Затворањето на Рајкерс и отворањето на четири похумани затвори во градот ќе ја чини градската каса 8,7 милијарди долари, а островот Рајкерс ќе се претвори во јавен простор.

„Островот Рајкерс е симбол на суровост и нечовечност и време е еднаш и засекогаш да го затвориме“, рече претседателот на Градскиот совет, Кори Џонсон пред гласањето.

„Мислам дека не претерувам кога ќе кажам дека за многумина од нас, ова е еден од најважните гласови што ќе ги дадеме во целата наша кариера“, рече тој.

Во затворот кој се простира на 160 хектари на островот на Ист Ривер поврзан со мост со њујоршкиот четврт Квинс се сместени околу 7.000 затвореници, од кои повеќето чекаат судење или издржуваат казна затвор помала од една година.

Во екот на њујоршкиот криминален бран, пред две децении, во тој затвор просечно имало повеќе од 20.000 затвореници дневно.

Во 2017 година, градоначалникот Бил де Бласио предложил затворање на Рајкерс во рок од 10 години, а од 2018 година во озлогласениот затвор не се држат лица помлади од 18 години.

Истрагата од 2014 година од страна на Министерството за правда откри дека уставните права на младите затвореници рутински биле прекршувани со изложување на насилство од други затвореници, со држење во изолација и прекумерна употреба на сила од чуварите.

„Откривме дека длабоко вкоренетата култура на насилство преовладува во сите простории за возрасни затвореници во Рајкерс“, соопшти Канцеларијата на јавниот правобранител за јужниот њујоршки округ.

Во извештајот на Комисијата на државата Њујорк за затворскиот систем 2018, се повикува на брзо затворање на затворот поради вртоглавиот пораст на насилство и неприфатливите услови и за затворениците и за чуварите.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе