Се запали Адмирал Кузњецов - единствениот руски носач на авиони (ВИДЕО)

Рускиот носач на авиони Адмирал Кузњецов се запали при поправка на пристаништето во Мурманск и во таа прилика три лица се повредени, соопшти извор од службата за итни случаи.

„Според првичните податоци, пожарот ја зафатил првата единица за напојување. Од горната палуба е видлив густ облак од црн чад“, рече изворот, пренесе Тасс.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, а се верува дека бил предизвикан поради непочитување на правилата за безбедност при поправка.

Ремонтот на рускиот превозник, кој бил користен во руската воена кампања во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад, започна минатата година.

Адмиралот Кузњецов моментно е единствениот активен руски носач на авиони.

Изграден е и лансиран за морнарицата на Советскиот Сојуз и требало да биде првиот носач на авиони од својата класа.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе