Се враќа Трамповата имиграциска политика, мигрантите може да чекаат на граница со години

Администрацијата на Бајден повторно ќе ја спроведува контроверзната политика на Трамп по која барателите на азил мора да чекаат во Мексико за да бидат сослушани од американските имиграциски власти, во согласност со налогот на сојузниот суд, изјавија денеска американски и мексикански официјални лица.

Фото: ЕПА

Соединетите Држави ќе преземат мерки за да ја ублажат загриженоста на Мексико во врска со хуманитарните последици од политиката, рекоа официјални лица, вклучително и вакцини за мигрантите и исклучоци за повеќе категории на ранливи групи.

Мигрантите, исто така, ќе бидат прашани дали се плашат од прогон или тортура во Мексико пред да бидат вклучени во програмата и ќе имаат пристап до правна помош, изјавија американските власти.

Бајден ја укина програмата МПП (Протоколи за заштита на мигрантите) веднаш по својата инаугурација во јануари. Но, сојузниот судија пресуди дека така не е почитувана потребната процедура и во август нареди политиката да се врати на сила.

На владата за тоа ѝ требало согласност од Мексико.

Мексикански официјален претставник рече дека американската влада ги прифатила сите нивни услови.

Во исто време, администрацијата на Бајден сè уште работи на укинување на таа политика.

МПП била темел на строгата имиграциска политика на поранешната администрација на претседателот Доналд Трамп. Десетици илјади луѓе биле вратени во Мексико да чекаат со месеци, понекогаш и години, за да бидат сослушани од американските имиграциски власти во импровизирани судници во близина на границата.

Политиката ќе продолжи да се спроведува на еден американски граничен премин во понеделник на помала група мигранти, а потоа ќе се прошири во Сан Диего, Калифорнија и Ел Пасо, Ларедо и Браунсвил, Тексас.

Бајден вети дека неговиот пристап кон имиграцијата ќе биде похуман. Но, неговата администрација продолжи да ја спроведува одлуката на Трамп за јавно здравство под името Наслов 42, која им овозможува на граничните власти брзо да ги протераат мигрантите без да им дадат шанса да побараат азил. Речиси две третини од рекордните 1,7 милиони мигранти фатени на граница оваа фискална година се протерани според оваа одредба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе