Се враќа авионската линија Белград-Приштина?

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ очекува денес во Берлин да биде потпишано писмо за намера меѓу министерството за економија на Србија и компанијата Луфтханза.

Тоа, како што кажа Ѓуриќ, би овозможило по 20 години повторно да се воспостави авионска линија меѓу Белград и Приштина.

Ѓуриќ за РТС кажа дека таа линија би можела да заживее по укинувањето на царините на стоката од Србија и продолжувањето на дијалогот, за што, исто така, предуслов е да бидат укинати „антицивилизациските царини“.

Потпишувањето на писмото за намера вби претставувало прв симболичен чекор во правец на обновување на авио-линијата меѓу Белград и Приштина по 20 години, кажа Ѓуриќ.

„Со тоа, освен 12 автобуси кои редовно ги поврзуваат Белград и Приштина, во иднина би можеле да имаме и авио-линија, што главниот град на нашата јужна покраина би го приближил до Белград“, кажа Ѓуриќ.

„Оваа линија би можела да заживее во оној момент кога би биле укинати царините и кога дијалогот би продолжил“, кажа Ѓуриќ и додаде дека очекува добри вести за тоа од Берлин.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе