Се венча австриската министерка, танцуваше со Путин (ВИДЕО)

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел (53) се венча денес во Сулцтал на југот на покраината Штаерска за бизнисменот Волфганг Мајлингер (54), а меѓу гостите беше и рускиот претседател Владимир Путин.

 

Австриската министерка Кнајсел и Путин танцуваа на венчавката.

Путин претходно денес пристигна во Австрија, а како подарок доведе козачки танцувачки ансамбл.

Австриските медиуми јавуваат дека шефот на руската држава слетал на аеродромот во Грац попладне, а медиумското внимание, почнувајќи од слетувањето, на присуството на Путин го припишуваат на фактот што неговата приватна посета на министерката наиде на голема бура во политичката јавност во земјата, бидејќи Русија е под санкции на ЕУ, а Австрија претседава со Унијата.

Путин во Австрија престојуваше само неколку часа бидејќи во 18 часот почнува неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел во еден германски замок.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе