Паѓаат делови од покривот

Се урна шпицестата кула на Нотр Дам (ФОТО+ВИДЕО)

Шпицестата кула на легендарната катедрала во Париз Нотр Дам се урна во големиот пожар што пред еден час го зафати покривот на историската туристичка атракција.

Дел од покривот на легендарната катедрала Нотр Дам (Богородичината црква) во Париз се урна поради пожар.

Причината за пожарот сè уште е непозната. Врвот на овој скапоцен камен на готската архитектура беше реновиран со скеле, кое покриваше некои делови од камбанаријата.

Самиот врв, направен од дрво и покриен со олово, одамна е во лоша состојба бидејќи елементите на конструкцијата што датираат од средината на деветнаесеттиот век се оштетени од климата, загадувањето и времето.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе