На полетувањето

Се урна украински боинг кај Техеран, 176 мртви (ВИДЕО)

Украински авион со најмалку 170 патници се урна утрово поради технички проблеми набргу по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран, при што загинаа сите патници и екипаж, соопштија иранската државна телевизија и украински функционер.

Боингот 737 на украинската компанија Интернешнел ерлајнс се урна во близина на аеродромот и букна во пламен. Претставник на украинското Министерство за надворешни работи во Киев изјави дека сите членови на екипажот и патниците на бродот се мртви, повикувајќи се на информации од авиокомпанијата.

Нема официјална реакција од компанијата.

„Пожарот е толку голем што не можеме да преземеме спасувачки акции... имаме 22 амбулантни возила, четири автобуски амбулантни возила и хеликоптер на местото“, рече Пиросеин Куливанд, шеф на иранските служби за итни случаи, за иранската државна телевизија.

Според службата за следење летови Флајт радар 24, авионот што се срушил бил на летот ПС 752 и летал кон Киев. Авионот бил стар три години и бил боинг 737-НГ.

ИРНА соопшти дека според првичните информации, „авионот бил упатен кон Киев... и имал 180 патници и членови на екипажот“.

Портпаролот на Боинг, Гордон Џондро, рече дека компанијата е свесна за информациите на медиумите за авионска несреќа во Иран и дека собира повеќе информации.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе