Се урна пакистански патнички авион со 107 луѓе, падна меѓу куќи (ВИДЕО)

Патнички авион на Пакистан интернешнал ерлајнс се урна во Карачи по лет од Лахор, јавуваат агенциите.

EPA-EFE/REHAN KHAN

Информацијата ја потврди и портпаролот на авиокомпанијата.

Тој потврди дека во авионот во моментот на падот имало 107 патници и дека се урнал во близина на населено место во градот Карачи.

Не откри дали има преживеани.

Пакистанското министерство за авијација потврди дека станува збор за авион ербас А320 на лет ПК8303 кој полетал од Лахор а ко во Карачи требало да слета во 14:30 часот по локално време, но нешто пред тоа исчезнал од радарите.

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки и фотографии од местото на падот на авионот, а локалните медиуми јавуваат дека при падот на авионот се оштетени и згради и куќи.

Медиумите јавуваат дека во авионот имало 99 патници и осум членови на екипажот.

На снимките од социјалните мрежи се гледаат и пожарникари како гласат делови од авионот кој паднал меѓу куќи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/REHAN KHAN

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе