Од подземната железница

Се урна надвозник во Мексико, најмалку 15 мртви, 70 повредени (ВИДЕО)

Петнаесет лица загинаа, а 70 се повредени во Мексико Сити кога надвозник на подземната железница делумно се сруши на улица.

Фото: ЕПА

Драматична видеоснимка емитувана на локалниот канал Миленио ТВ покажува како надвозникот на метро-линијата 12 се урива сосе вагоните на него.

Според првите податоци, во несреќата загинале 15 лица, а 70 се повредени, соопшти градската агенција за справување со ризици и цивилна заштита.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, го посети местото на несреќата и на Твитер напиша: „За жал, има мртви и повредени, помагаат пожарникарите и персоналот за јавна безбедност. Вклучени се повеќе болници“.

Други снимки на телевизиските станици и социјалните медиуми покажуваат како екипите на брза помош и пожарникарите ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Линијата 12 на метрото беше изградена кога градоначалник на Мексико Сити беше министерот за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Она што се случи денес е ужасна трагедија. „Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства“, напиша Ебрард на Твитер.

„Се разбира, мора да се испитаат причините и да се дефинира одговорноста. Повторувам дека им стојам на располагање на надлежните да помогнам во сè што е потребно“, додаде поранешниот градоначалник.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе