Во жестокиот пожар

Се урна целиот покрив на Нотр Дам! (ВИДЕО)

Целиот покрив на легендарната катедрала Нотр Дам се урна во екот на жестокиот пожар во Париз. Кратко пред да падне покривот, пламените го голтнаа и врвот на катедралата.

Силен пожар изби попладнево во срцето на францускиот главен град, кој брзо ја зафати оваа зграда од 13 век. Катедралата беше подложена на поправки, па нејзиниот покрив и врвот беа обвиени со скеле.

Како што покажуваат снимките од местото, како и информациите од очевидци, покривот на историската зграда целосно се распадна. Делови од скелето сè уште стојат, додека од внатрешноста на зградата излегуваат силни пламени.

 

„Дел од нас гори“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер.

Францускиот претседател Емануел Макрон им изрази сочувство на сите католици и на сите граѓани на Франција додека „дел од нас гори“.

„Нашата Дама од Париз е во пламен“, објави тој вечерва на Твитер. „Моите мисли се со сите католици и сите Французи. Како и сите наши сонародници, тажен сум вечерва додека гледам како овој дел од нас гори.“

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе