Се укинува забраната за патувања во САД, патниците мора да бидат вакцинирани

Американскиот претседател Џозеф Бајден донесе извршна уредба според која странските државјани што патуваат во Соединетите Држави ќе треба да бидат целосно имунизирани, соопшти Белата куќа.

Фото: Пиксабеј

Истовремено, од 8 ноември се укинува забраната за патувања во Соединетите Држави, воведена во почетокот на 2020 година, за патниците од Шенгенскиот простор, од Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, пренесува Гласот на Америка.

Белата куќа потврди дека децата помлади од 18 години се исклучени од новите правила, како и лицата со здравствени проблеми.

Исто така, администрацијата на Бајден прецизираше што треба да направат авиокомпаниите за да потврдат дека патниците се вакцинирани пред качувањето на летовите кон Соединетите Држави.

Американските центри за контрола и превенција на болеста (ЦДЦ) наведоа дека ќе бидат прифатени сите вакцини што ги одобрија американските регулаторни тела или Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, ќе се прифати и ако патниците примале мешовити дози вакцини.

ЦДЦ следниот понеделник треба да издаде нови насоки за следење на контактите – според кои авиокомпаниите ќе бидат должни да собираат податоци од патниците заради следење на тие што потенцијално биле изложени на различни соеви на ковид-19.

Исто така, патниците ќе треба да достават документација за вакцинацијата добиена од, како што е наведено, официјален извор. Истовремено, авиокомпаниите би требало да дадат доказ дека патникот последната доза од вакцината ја примил две недели пред патувањето.

Со мерките е пропишано и дека патниците би требало да достават негативен тест на коронавирус направен 72 часа од моментот на поаѓањето на пат.

Белата куќа наведе дека е потребно невакцинираните Американци и странските државјани што може да бидат изземени од новите правила да достават негативен ковид-тест направен 24 часа пред поаѓањето.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе