Се укинува одвојувањето на жените во саудиските ресторани, досега мораа да влегуваат низ друга врата

Според најавата на владата на Саудиска Арабија, жените повеќе нема да мораат да седат одвоено во рестораните од мажите.

Досега жените во таа земја мораа да користат посебни влезови во рестораните и да седат зад прегради за да не ги гледаат неоженети мажи.

Ако угостителскиот објект беше премал за организација на посебни простор и влез, на жените им беше забранет влезот.

Со децении беше строго забрането мажите и жените кои не во сродство или венчани да се дружат на јавни места, а од жените се бараше за секоја клучна одлука да бараат одоброување од својот законски старател – обично машки член на семејството или сопругот.

Но, саудискиот принц престолонаследник Мхамед бин Салман во последно време се труди да ги ублажи заостанатите правила и нареди низа реформи кои им овозможија поголеми права на жените.

Така во 2017 на жените им беше дозволен влез во спортските стадиони, а една година подоцна добија право на самостојно управување со автомобил.

Во август годинава на жените им беше овозможено да поднесат барање за пасош без дозвола од машки старател.

И покрај ублажените правила, половата сегрегација е и понатаму многу присутна во Саудиска Арабија. Жените и мажите седат одвоено на венчавките, но и во повеќето училишта и факултети.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе