Коронавирус во Кина

Се укина забраната, жителите на Хубеи навалија на улиците и во возовите (ФОТО+ВИДЕО)

Исцрпените жители на кинеската провинција Хубеи конечно имаат причина за славење: откако падна бројот на заразените, укинати се карантинот и забраните за спречување на ширењето на ковид-19. Луѓето почнаа да се собираат за да се видат со најблиските.

На фотографиите и видеата од измачената провинција, некогаш епицентар на епидемијата на коронавирусот, се гледаат огромни гужви во возовите и во автобусите. Луѓето брзаат да ги посетат пријателите и роднините по неколку недели во карантин и изолација.

Денешниов ден беше првата шанса за многумина да патуваат по два месеци сериозна изолација. Укинати се ограничувањата во патувањето и вообичаените дневни рутини за областите за кои властите издадоа здравствена шифра „зелено“, што значи дека се без вирус.

Луѓето навалија на железничката станица во градот Маченг, додека на разгласите одекнуваа најавите за возови што се движат кон градовите низ цела Кина.

Денеска почнаа да се отвораат железничките станици и аеродромите, иако Вухан засега останува достапен само преку патиштата. Жителите на Хубеи што беа заглавени на други места исто така ја искористија можноста конечно да се вратат дома и повторно да се соединат со семејствата првпат откако Пекинг нареди провинцијата да се затвори во јануари.

Училиштата засега остануваат затворени, но на луѓето им е дозволено да се вратат на работа.

Во меѓувреме, другите провинции во Кина дополнително укинаа и други вонредни мерки што беа воведени поради епидемијата, вклучувајќи ги Сечуан и Хејлонгџијанг.

До вчера покраината ја напуштија околу 21.046 члена на медицински персонал од цела Кина, додека 16.558 медицински лица останаа во Вухан - најтешко погодениот град во Кина - каде што ќе продолжат да помагаат.

Појавата на новиот коронавирус првпат беше пријавена во Вухан кон крајот на минатата година, но сега се рашири низ целиот свет. Европа сега многумина ја сметаат за епицентар, иако експертите на Светската здравствена организација стравуваат дека тој ќе се префрли во САД, кои објавија вртоглави стапки на заразеност.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе