Се сруши Дарвиновата Арка (ФОТО)

Дарвиновата Арка, позната природна камена формација на островите Галапагос, се сруши како последица на ерозија, соопштија еквадорските власти за заштита на животната средина, додавајќи дека арката веќе не постои во досегашната форма и дека таму останале само двата столба што ја држеле.

Screenshot

На фотографиите објавени од еквадорското Министерство за заштита на животната средина се гледаат само остатоци од арката.

„Дарвиновата Арка, атрактивен природен мост што се наоѓа на помалку од километар од главната област на Дарвиновиот остров, се сруши поради природна ерозија. Дарвиновата Арка некогаш бил поврзан со островот. Областа се смета за една од најдобрите места на планетата за нуркање и набљудување на ајкули, ајкули-чекани и други морски животински и растителни видови“, објави министерството.

Островите Галапагос го добија името по британскиот природонаучник Чарлс Дарвин, основач на првата научна и денес прифатена теорија за еволуција на живите суштества, која по него е наречена дарвинизам. Прво студирал медицина, а потоа теологија.

Галапагос е под заштита на УНЕСКО од 1978 година, а архипелагот сега има околу 30.000 жители.

Вулканскиот архипелаг го сочинуваат 234 острови, бројни заливи и карпи.

„Рушењето на Дарвиновата арка е потсетник за тоа колку е кревок светот во кој живееме. Не можеме да сториме речиси ништо за да спречиме природна ерозија и слични геолошки процеси, но можеме да го заштитиме подводниот свет. Арката беше една од главните туристички атракции, а под неа пливаа најголемите јата ајкули-чекани во светот“, рече Џен Џонс од Фондацијата за заштита на Галапагос.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе