Се сретнуваат дипломати на Турција и Грција, минатата година двете земји беа на раб на војна

Турскиот и грчкиот министер за надворешни работи се сретнуваат денес во Анкара во екот на спорот околу наоѓалиштата на природен гас и нафта во источното Средоземно Море.

EPA-EFE

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и неговиот грчки колега Никос Дендијас ќе разговараат за односите и регионалните прашања, објави кабинетот на Чавушоглу.

Двајцата дипломатија требаше да се сретнат вчера, но состанокот беше одложен за еден ден поради самитот на НАТО во Брисел.

Двете членки на Алијансата, Турција и Грција, спорат околу морските граници и резервите на природен гас и нафта во источниот Медитеран и двете сметаат дека имаат право на истражување и дупчење на морското дно во потрага по енергенси во истиот дел на морето.

Жестоките кавги на двете земји минатата година ги доведоа на раб на воен конфликт.

По петгодишна пауза Анкара и Атина во јануари повторно почнаа да разговараат за проблемот.

Анкара ги прекина истражувањата во спорната област откако ЕУ се закани со санкции, но за возврат Брисел во март одлучи да почне преговори со Турција за царинска унија и емиграциски пакт.

За да ја одржат позитивната атмосфера, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел минатата недела во Анкара разговараа со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе