Се сретнаа Путин и Ердоган (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган се сретнаа во Сочи, јавуваат руските агенции.

EPA-EFE

Како што беше претходно објавено, двајцата лидери прво ќе разговараат во четири очи, а потоа ќе им се придружат делагациите.

Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба.

Кремљ најави дека двајцата претседатели ќе разговараат за енергетиката и проширување на трговско-економските врски.

„Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за руско-турската соработка, вклучувајќи ги изгледите за понатамошно ширење на трговско-економските врски и имплементацијата, како и заедничките стратегиски проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелните светски теми.

Ова е втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатералната средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Двајцата лидери ќе разговараат и за војната во Украина и договорот за коридор за извоз на житарки. Турција и Обединетите нации неодамна посредуваа во договорот меѓу Киев и Москва за обновување на извозот на житарки од три украински пристаништа.

Според Кремљ, на дневниот ред е и потенцијална продажба на борбени дронови од Турција, членка на НАТО. Набрзо по почетокот на руската инвазија на Украина, Ердоган кажа дека нема да се откаже од договорите за вооружување со Русија.

Путин неодамна навести дека Русија ќе соработува со турскиот произведувач на беспилотните летала „барјактар“, кои украинската војска ги користи против руските сили. Турција одржува блиски односи и со Украина и со Русија и се смета за посредник меѓу двете земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе