Се сретнаа претставници на САД и талибанците за првпат по американското повлекување од Кабул

САД вчера објавија дека првата директна средба меѓу американски и талибански функционери откако екстремистичката група повторно ја презема власта во Авганистан била „отворена и професионална“ и дека американската страна повторила дека талибанците ќе се проценуваат според делата, а не според зборовите.

EPA-EFE

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс кажа дека американската делегација во разговорите за време на викендот во Доха се фокусирала на прашањата на безбедноста и тероризмот, безбедниот премин за граѓаните на САД, другите странски државјани и Авганистанците, како и на човековите права, вклучувајќи го значителното учество на жените и девојките во сите аспекти на авганистанското општество.

Кажа дека двете страни разговарале и за „пружањето силна хуманитарна помош на Соединетите Држави директно на авганистанскиот народ“.

„Разговорите беа отворени и професионални, а американската делегација повтори дека за талибанците ќе се проценува според нивните дела, а не според зборовите“, наведе Прајс.

Не е објавено дали се постигнати некакви договори.

Во саботата катарската телевизија Ал џезира го цитираше вршителот на должноста министер за надворешни работи на Авганистан дека талибанските претставници побарале од американската страна да ја укине забраната за девизните резерви на централната банка на Авганистан.

Беше соопштено дека министерот Амир Кан Мутаки кажал и дека Вашингтон ќе понуди вакцини против коронавирусот и дека двете страни разговарале за „отворање нова страница“ во односите на тие две земји.

Функционери на владата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот кажаа за Ројтерс дека американската делегација ќе изврши притисок врз талибанците да го пуштат заробениот Американец Марк Фреричс. Другиот приоритет би бил талибанците да не дозволат Авганистан повторно да стане засолниште на Ал каеда и други терористички групи.

Американските власти кажа дека средбата за време на викендот е продолжение на „прагматичните ангажмани“ со талибанците, а не „средба за признавање или давање легитимитет“ на групата.

Вашингтон и другите западни земји се борат со тешкиот избор бидејќи на Авганистан му се заканува тешка хуманитарна криза. Се обидуваат да смислат како да соработуваат со талибанците, без да им го дадат легитимитетот кој го бараат, истовремено обезбедувајќи проток на хуманитарна помош во земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе