Украинската морнарица

„Се спремаме за војна со Русија, планираме да го вратиме Крим“

„Воената морнарица на Украина се подготвува за воени операции со Русија и има намера да го врати Крим“, рече командантот на морнарицата, контраадмиралот Алексеј Неижпапа.

Фото: ЕПА

„Ќе има многу загуби - и кога станува збор за нашите војници и цивили“, рече Неижпапа.

Тој посочи дека Киев очекува напад од руската армија врз Херсонскиот регион за ја пуштат водата од Дњепар до Крим.

„Нашите единици се подготвуваат за такви акции. Не можам да ги откријам сите планови“, рече Неижпапа и откри детали дека опсегот на ракетниот систем „Нептун“ овозможува од територијата на Украина да се гаѓаат пристапите кон Севастопол.

Украинскиот контраадмирал додаде дека сигнал за судирот ќе биде обидот на Русија да го обнови Северниот кримски канал на полуостровот.

Претходно Украина обезбедуваше до 85% од потребите на Крим за свежа вода преку Северниот кримски канал од Дњепар. Меѓутоа, по руската анексија на Крим, Украина целосно го прекина снабдувањето со вода од Дњепар.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе