Се спојуваат МиГ и Сухој, двата најпознати бренда на руската воздухопловна индустрија

Поради развојот и производството на сите руски борбени авиони, ќе дојде до обединување на компании МиГ и Сухој во Дивизија на воената авијација.

Спојувањето ќе се случи во рамки на корпорацијата „Обединета воздухопловна корпорација“, го пренесе на 6 февруари соопштението на државната компанија Ростех новинската агенција Интерфакс.

Ростех соопшти и дека на чело на новата компанија ќе биде поранешниот генерален директор на МиГ Иља Тарасенко кој истовремено ќе го задржи местото заменик генерален директор задолжен за воено-техничка соработка, а медиумите јавуваат дека Тарасенко уште утредента на 7 февруари станал новиот директор на Сухој.

Тарасенко ќе се занимава со формирање на дивизијата на воената авијација „Обединети воздухопловни корпорации“, врз основа на компаниите Миг и Сухој. Новата организациска структура ќе се занимава со развој, производство, продажба и одржување на сите актуелни и перспективни авиони на борбената авијација.

Консолидацијата на научно-производствените капацитети на воената воздухопловна индустрија ќе овозможи поефикасна примена на постојната програма како и развојот на идните проекти. Компанијата Сухој на крајот на 2017 беше најпрофитабилната компанија во составот на ОАК, а во 2018 биле исполнети договорни обврски во вредност од околу 1,8 милијарди долари, додека нето добивката изнесувала околу 63 милиони долари. во истата година компанијата МиГ имала приход од околу 1,4 милијарди долари од што нето добивка од околу 55 милиони долари.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе