Во 2014 година Лозница во својот документарен филм „Мајдан“ ги сними најзначајните детали од настаните што ја потресоа Украина.
Лозница ги претвори во филм автентичните снимки од главниот плоштад во Киев, каде што избувна бунтот против прорускиот претседател Виктор Јанукович.
Потоа, во 2018 година, тој го сними долгометражниот филм „Донбас“, кој денес е актуелен повеќе од кога било, а го опишува однесувањето на проруските власти во окупираните делови на Украина, но и слабостите на целокупното украинско општество, кое од двете страни на линијата на поделба безмилосно е експлоатирано од корумпираните структури.