Се снима филм за Украина

Никој не може да го предвиди времетраењето на војната во Украина, но најдоцна следната година ќе се појави филм за неа. Автор на филмот ќе биде Украинецот Сергеј Лозница, кого критичарите го опишуваат како еден од најзначајните современи режисери.

Фото: ЕПА

Во 2014 година Лозница во својот документарен филм „Мајдан“ ги сними најзначајните детали од настаните што ја потресоа Украина.

Лозница ги претвори во филм автентичните снимки од главниот плоштад во Киев, каде што избувна бунтот против прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Потоа, во 2018 година, тој го сними долгометражниот филм „Донбас“, кој денес е актуелен повеќе од кога било, а го опишува однесувањето на проруските власти во окупираните делови на Украина, но и слабостите на целокупното украинско општество, кое од двете страни на линијата на поделба безмилосно е експлоатирано од корумпираните структури.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе