Се шири видео од мало момче во заштитно одело во Кина: „Оди сам во карантин, без своите родители“ (ВИДЕО)

Покриено од глава до пети во бело заштитно одело, мало дете со голем ранец оди по болнички ходник и доаѓа целосно само во просторијата за КТ скенирање.

Screenshot

„За жал, ова 4-годишно момче е заразено со ковид-19. Во придружба не се неговите родители. Оди сам во карантин“, стои во описот на ова видео.

Сцената е снимена од медицинска сестра во карантинска болница во градот Путијан, епицентарот на најновата епидемија на делта сојот во Кина, и го привлече вниманието на милиони луѓе на кинеските социјални медиуми, пишува Си-ен-ен.

„Срцето ме боли", пишува во еден од коментарите на Веибо, кинеската платформа слична на Твитер. „Очите ми се насолзија", пишува во друг коментар.

Видеото служи како моќен потсетник за човечката цена на кинеската нулта ковид политика, што ѝ овозможи на Кина да запре повеќекратни епидемии на коронавирус. Упатството за елиминација се состои во затворање на цели населби, тестирање на милиони жители за неколку дена и брзо изолирање на заразените луѓе и нивните блиски контакти во специјални објекти.

Овој пат, строгите мерки се применети и за учениците меѓу кои е откриена епидемијата и брзо е раширена. Според податоците на кинеската влада, во Путијан се 57 од неодамна пријавените 129 заразени лица помлади од 12 години. Со цел да се спречи понатамошно пренесување, заразените деца од предучилишна возраст се одделуваат од родителите и се ставаат во болничка изолација.

На прес-конференција во четвртокот, владата на Путијан рече дека кинеските правила за контрола на епидемијата им забрануваат на пациентите да остваруваат било каков контакт за време на изолација и лекување. Но, ако и детето и неговите родители се заразени, болницата ќе се обиде да организира да останат во истото одделение, нагласи владин претставник.

Првично, некои деца кои дошле во контакт со заразени, но биле негативни на тестот, исто така, биле ставани во карантин одделно од своите родители. Оваа политика подоцна била ублажена, така што на децата под 14-годишна возраст им е дозволено да останат во карантин со своите родители или други членови на семејството, но изолацијата на заразените деца останува во сила.

Жу Ксиакинг, медицинска сестра која го сними видеото во карантинската болница, за локалниот весник Фуџијан Хејт Дејли изјави дека очите и се насолзиле кога видела како доаѓа брза помош полна со деца, сите замотани во заштитни одела. Дошле доцна бидејќи дете не сакало да излезе од дома и плачело два часа пред да го убедат да влезе во брзата помош, објасни Жу.

По пристигнувањето во болницата, децата морале сами да одат на КТ скенирање. Некои биле толку мали што не можеле да се качат на масата за скенирање и морале да бидат подигнати од лекар.

„Да гледаш мали деца сами, без родители до нив, во непозната болница, исплашени... Навистина ме боли срцето“, додаде Жу.

На Веибо, некои корисници се прашуваат зошто таквите мали деца не можат да бидат во придружба со нивните родители. Други посочија дека нивните родители веројатно се сместени во централизиран карантин во други институции како блиски контакти на заразените.

„Тоа е во основа стратегија според која подобро да се убијат илјада по грешка отколку да се пушти еден да замине. Децата не требаше да бидат подложени на такви екстремни мерки на карантин. Тоа е социјална цена на пристапот со нулта толеранција“, вели Џин Донгјан, виролог на Универзитетот во Хонг Конг.

Строгата и често избрзана имплементација на мерките и претходно предизвикуваше незадоволство. Во јуни, стотици жители на Фошан, во провинцијата Гуангдонг, протестираа против неколкунеделниот карантин во нивните населби. Снимките од овој собир брзо беа избришани од интернет, додека на социјалните мрежи оние што ја критикуваат или се сомневаат во политиката на нулта-ковид, трпат напади од онлајн националисти.

Стратегијата за нулта ковид продолжува да ужива широка поддршка во кинеската јавност. Многумина се навикнаа на придобивките поврзани со животот без ковид и продолжуваат да се плашат од вирусот, делумно поради постојаното известување на државните медиуми за разорувањето предизвикано од пандемијата во странство.

„Успехот на строгиот пристап делумно се темели на стравот на јавноста. Не е идеално. Вистинскиот начин е да ѝ ја кажете на јавноста вистината за потребата да коегзистирате со вирусот, што е единствениот одржлив начин напред“, рече Џин за Си-ен-ен.

Сè повеќе земји се отвораат низ целиот свет по масовните вакцини. Други, како што се Сингапур и Австралија, исто така се оддалечуваат од стратегијата за нулта ковид, кон нов пристап за соживот со вирусот. Но, кинеската влада и понатаму не ги укинува ограничувањата на државните граници, и покрај големите достигнувања во вакцинацијата.

Џин вели дека властите се загрижени за ефективноста на вакцината. Кинеските официјални лица изјавија дека некои заразени со делта варијантата на вирусот биле целосно вакцинирани. „Загрижени се дека колективниот имунитет не е доволно силен. Немаат доволно доверба во вакцините", рече Џин.

Во карантинската болница во Путијан, медицинскиот персонал ги украсил ходниците и одделите за изолација со цртежи, и им обезбедиле на заразените деца книги, играчки и материјали за цртање.

Сестрите, исто така, се грижат за нивните секојдневни потреби и си играат со нив, објавија државните медиуми. Но, некои се загрижени дека тоа не е доволно.

„Во текот на денот, сè може да биде добро, но ноќе, децата сè уште ќе се плашат“, пишува во коментар за Веибо.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе