Се разгорува нов спор меѓу Украина и Русија

Меѓу Украина и Русија се распламтува нов спор на Азовско Море, пишува Спутник.

Како што се наведува, дополнителни тензии внесуваат приказните за можен оружен судир и создавање украинска воена база, како и за мешање на Западот.

Брисел ја поддржа Украина во обвинувањата дека Русија сака да ги присвои Азовско Море и украинските наоѓалишта на нафта и ѝ се закани на Москва дека ќе ѝ воведе нови санкции ако се заостри конфликтот.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини кажа дека Европската Унија би можела наскоро да преземе конкретни мерки во врска со прашањето на ситуацијата на Азовско Море. Конкретно, од Русија се бара да ја запре политиката на задржување и прегледување на бродовите.

Покрај тоа, Брисел изрази загриженост поради штетата што им се нанесува не само на економијата на Украина, туку и на бродовите што пловат под европски знамиња.

Азовско Море, кое на север е опкружено со украинска, а од другите три страни со руска територија, е прашање на двете земји, а Керчкиот Залив е под целосен суверенитет на Русија, и поради тоа во Москва сметаат дека мешање на трета страна е недопустливо.

Во Москва потсетуваат дека правилата на пловидба во Азовско Море може да се регулираат само во рамките на руско-украинските спогодби и договори и наведуваат дека проверката на бродовите се врши заради безбедноста не само на Русија, туку и на Украина и на другите бродови што влегуваат во Азовско Море под знамиња на други држави.

Русија и Украина во 2003 година склучија договор за соработка и користење на Азовско Море и Керчкиот протек. По 10 години преговарање е решено дека ова море е внатрешна водена површина на Русија и на Украина. Со тој документ се обезбедува слободна пловидба на некомерцијалните бродови на двете држави и се формулираат правилата за влез на бродови на трети земји во водите на Азовско Море, така што странските бродови што впловуваат во него мора да имаат согласност на двете земји.

Меѓутоа, бидејќи не е спроведена демаркација на морската граница, се случуваа судири на руските граничари со украински рибари.

Ситуацијата на Азовско Море се искомплицира во почетокот на годината кога Украина го задржа рускиот брод „Норд“ со десет члена на екипажот, подигајќи против неговиот капетан обвинување за „незаконска“ посета на Крим.

Членовите на екипажот без капетанот, на кој му претстои казна од пет години затвор поради посетата на Крим, успеаја да се вратат на овој полуостров дури по седум месеци, во рамките на размената за украинските морнари притворени поради криволов и кршење на границата на Русија.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе