Трет ден

Сè повеќе луѓе на улиците на Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Врање, Лесковац... (ВИДЕО)

И денес во Србија се одржуваат нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот и против владата на Александар Вучиќ.

Денес српската премиерка најави нови мерки за Белград, кои вклучуваат и забрана за собирање на повеќе од 10 лица во затворено и на отворено, но тие мерки сè уште не се стапени во сила, па затоа не важат за вечерашните нови протести.

Синоќешните протести, како и претходната ноќ, беа обележани со брутално насилство. Вчера војната меѓу полицијата и демонстрантите на улиците во Белград траеше шест часа, а на социјалните мрежи кружат снимки од новата полициска бруталност.

За разлика од првиот ден, протестите се одвиваа и во неколку други српски града покрај Белград, каде што имаше и инциденти. и хулиган.

Поради сето тоа се појави иницијатива вечерва граѓаните да седат на земја за да се неправи разлика меѓу обичните демонстранти и хулиганите.

Вучиќ, пак, од авионот што леташе за Брисел ги спореди демонстрантите со нацисти и им рече на граѓаните „да не се судираат со насилниците затоа што државата ќе го стори тоа“.

Освен Белград, за денеска се најавени протести и во Нови Сад, Ниш, Чачак, како и во Нови Пазар, Зрењанин, Врање, Лесковац...

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе