Милијардерот-педофил

Се појави снимка од принцот Ендрју во сексуалниот дворец на Епстајн, Лондон вознемирен (ВИДЕО)

Видео на кое се гледа како војводата од Јорк испраќа млада жена од внатрешноста на замокот на богаташот-педофил Џефри Епстајн во Њујорк, повторно ги потпали шпекулациите на интернет, а Бакингемската палата се обидува да ја смири ситуацијата.

На краткото, матно видео објавено вчера од Дејли мејл се гледа маж, кој таблоидниот весник го идентификува како принцот Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета, како се збогува со млада, темнокоса жена, на влезот од њујоршкиот дворец на Епстајн - озлогласеното сексуално легло каде што богаташот намамувал млади девојки.

Откако се поздравува со бринетата, принцот ѝ кимнува со глава, а потоа фрла поглед наоколу како да сака да се увери дека нема папараци на повидок.

Неколку моменти пред принцот Ендрју да се појави на вратата, може да се види како самиот Епстајн ја напушта куќата придружуван од русокоса девојка.

Видеото датира од декември 2010 година, две години откако Епстајн беше осуден за најмување малолетничка за проституција и беше осуден на 18 месеци затвор.

Но Бакингемската палата тврди дека принцот не бил свесен за никакви злодела во замокот и дека тој „бил згрозен од неодамнешните информации за наводните злосторства на Џефри Епстајн“.

„Неговото кралско височество ја осудува експлоатацијата на секое човечко суштество и сугестијата дека тој би преминал преку такво однесување, би учествувал во него или би го охрабрувал е одвратна.“

Сепак, судските документи тврдат дека принцот Ендрју несоодветно допирал една жена во Епстајновиот стан на Менхетн и присилил друга жена да има секс со него на еден приватен остров на Карибите, во сопственост на сега покојниот милијардер.

Посрамениот милијардер беше најден мртов во неговата затворска ќелија во неделата, 11 август, а форензичарите рекоа дека станува збор за самоубиство. Во тек се неколку истраги, но околностите веднаш предизвикаа шпекулации во врска со новообјавените судски документи што содржат инкриминирачки информации за моќни играчи во неговата непосредна околина.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе